
Седум медиумски работници меѓу кои и новинари од светски реномираната агенција Ројтерс и македонската ТВ21 биле задржани во полициската станица „Центар“.
Тие биле приведени веднаш по завршувањето на протестот за трагедијата во Кочани на плоштадот во Скопје.
Во Кочани пак, приведена е екипа од бугарската телевизија БТВ исто така поради летање на дрон за време на протестот.
Попладнево Министерството за внатрешни работи соопшти дека се забранува летање дронови на подрачјето на Кочани и Штип, но во соопштението не се наведува дека забраната важи и за Скопје.