
Сведоштвото на Ана Карова, една од преживеаните во трагедијата во Кочани го отвора најболното прашање – каде беа тие што требаше да спасуваат. Нејзините зборови, полни со болка и разочарување, се директен удар врз системот што падна онаму каде што требаше да биде најсилен – во заштитата на животите
„Каде се луѓето кои треба да се ГРИЖАТ за нас? Луѓе кои се зарекле дека ќе помагаат, ќе спасуваат, ќе се жртвуваат?! Каде беа тие кога ние се боревме за живот? Немо стоеа и не гледаа…“ пишува таа, сведочејќи за страшните моменти во кои нејзиниот повик за помош останал нечуен.
Карова пишува дека очекувала спас од полицаец кој бил на лице место. Наместо помош, добила само студен одговор:
Извикувам:
– Помош, спасете ме! Ве молам! Немам воздух!
А личноста која го носи називот ПОЛИЦАЕЦ ме фаќа за рака и ми вели:
– Не бива!
Се потргнува и не гледа. Само очај во моите очи имаше. ОЧАЈ!“
„СРАМОТА Е ЛУЃЕ! Сите сме деца! Сите се боревме за живот! Само Бог не чуваше во тој кобен момент. Каде ќе ви оди душата бре луѓе?!! КАДЕЕЕ?!! ЖИВИ ГОРЕВМЕ!!!!!“
Таа го искажува најголемото разочарување – што токму тие што требаше да бидат хероите, не биле таму кога најмногу требало.
„Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ВАШИ? Не заслуживме ние вака… мислевме дека ќе се грижите за нас! Од мали се угледувавме на Вас полицијата… во вода пропадна тој наш детски сон, дека полицаецот е херој…“