
Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на два патни правци.
Од 22:50 часот забраната е на сила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23:00 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.
Возачите се предупредуваат на зголемена претпазливост поради зимските услови на патиштата.