Skip to main content
Македонија

Клековски: Згрижени над 140 повредени, продолжува трансферот во странство

16/03/2025  21:27

Денеска се згрижени над 140 настрадани од трагедијата во Кочани. Во земјава моментално се хоспитализирани 90 лица, распределени во повеќе болници: Клинички центар – 20, ГОБ „8 Септември“ – 20, „Св. Наум Охридски“ – 21, КБ Штип – 20, ОБ Кочани – 7 и Токсикологија – 2. Дополнително, пациенти се примени и во „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“.

Во странство се прифатени 44 повредени: Србија – 17, Бугарија – 14, Турција – 9 и Грција – 4. Во текот на ноќта и утрото ќе бидат транспортирани уште 8 лица – 4 за Хрватска и 4 за Романија. Дополнително, се разгледува можноста за испраќање пациенти во Словенија, Унгарија и Австрија.

Од утринските часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во координација со МВР и МНР. Вечерва пристигна тим од ВМА Белград, а се очекуваат медицински екипи од Чешка, Израел и Белгија.

„Сите повредени се згрижени најдобро што можеме!“ – објави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.