Мерсон: Гвардиола не е ништо без пари за трансфери

– Легендата на Арсенал, Пол Мерсон го спореди Јирген Клоп со Пеп Гвардиола во неговата улога како коментатор на „Скај Спортс”.

Според него, Германецот во моментов е најдобриот менаџер во светот.

– Оваа сезона Јирген Клоп му докажа на Гвардиола дека е најдобриот менаџер во светот. Ливерпул тотално го надигра Лестер и тоа се должи само на Германецот. Тој го изгради овој тим. Тој е подобар од Гвардиола дури и без да потроши исто толку пари како Шпанецот, објави Мерсон.

Според поранешниот англиски репрезентативец, Клоп може да го земе Ротерам, кој се натпреварува во долните англиски дивизии, и да го одведе во Премиер лигата за неколку години.

– Гвардиола не може да стори такво нешто. Не може да направи ништо без пари за трансфери, постојано му требаат 80-90 милиони фунти за играчи, кои му се потребни за неговиот сопствен систем. На Клоп не му се потребни такви пари, што е големо достигнување од негова страна, додаде 51-годишниот Мерсон.

Треба да знаете
Последни објави