Иванишевиќ: Од младите тенисери, Медведев е најблизу до Гренд-слем титула

Шампионот на „Вимблдон” од 2001 година, Горан Иванишевиќ изјави дека е импресиониран од напредокот на Данил Медведев.

Според Хрватот, 23-годишниот Русин има најголеми шанси да ја разбие хегемонијата на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ на Гренд-слем турнирите.

– Од помладата генерација, најблиску до титулата е Медведев. Тој покажа колку е опасен минатата сезона. Сигурен сум дека тој е подготвен за големиот трофеј. Ми се допаѓа и играта на Стефанос Циципас, прокоментира Иванишевиќ.

Следната година ќе биде многу важна за Медведев, додаде хрватската легенда.

Треба да знаете
Последни објави