Елизабет Харли позира со својот син, изгледаат како сестри

Актерката Елизабет Харли (54) обично ги почестува обожавателите со разголени фотографии на социјалните мрежи, но овој пат позира со својот син Демијан (17), кој објави фотографија со мајка си.

„Среќен Божик“, напиша тој на „Инстаграм“, каде што го следат повеќе од 50.000 луѓе.

Објавата ги изненади следбениците на социјалната мрежа, кои ја забележаа неверојатната сличност меѓу мајката и синот.

„Личите како јајце на јајце“, „Изгледате како сестри“, беа некои од нивните коментари.

Лиз го роди Демијан во 2002 година, а татко му е американскиот бизнисмен Стив Бинг (54), кој првин одбил да го признае татковството и изјавил дека имал само кратка авантура со Лиз во 2001 година.

ДНК-тестот утврдил дека Бинг е таткото, а актерот Хју Грант (59), кој беше во долгогодишна врска со Лиз, му е еден од шесте кума на тинејџерот.

Треба да знаете
Последни објави