
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како средство за одвраќање од идна руска агресија, објави утрово Фајненшл тајмс.
Дуда изјави дека неодамна разговарал за оваа можност со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.
-Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна инфраструктурата на НАТО треба да се пресели и на исток. За мене ова е очигледно, наведува Дуда во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Полскиот претседател додаде дека безбедносната ситуација би била поповолна доколку тоа оружје веќе се наоѓа во Полска.