Skip to main content
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова учествува на 12. Глобален Баку форум, во фокусот предизвиците на светскиот поредок

13/03/2025  08:18

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на 12. Глобален форум во Баку, што од денеска до 15 март се одржува во главниот град на Република Азербејџан во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави” на тема „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности”.

Предвидено е претседателката да се обрати на свеченото отворање на форумот, како и на сесијата на тема: „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус”.

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.