Skip to main content
Хроника

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведено едно лице

12/03/2025  11:00

Полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар, утрово во 7:00 часот го лишиле од слобода Д.М.(36) од Гостивар.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.