Skip to main content
Македонија

Граѓанин го тужи МВР на Уставен суд затоа што му биле издадени документи со старото име иако Преспанскиот договор бил на сила

30/10/2024  12:17

Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата.

Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.

Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето