
Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026.
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот.
– Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Имаме млада и полетна екипа. Треба да го практикуваме стилот што го прикажавме на Светското првенство. веруваме во позитивен исход и ќе се бориме максимално, изјави Лазаров.
Натпреварот ќе се игра вечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
По првите две кола Словенија е прва во групата со четири бодови, Литванија и Македонија имаат по два, Естонија е последна без освоен бод.