КФСМ ќе добие 100 илјади евра од Државна видеолотарија

Кошаркарската федерација на С. Македонија ќе добие 6.150.000 денари (100 илјади евра) од Државна видео лотарија во вид на донација и спонзорство.
– Големо е задоволството да се има партнер како Државна видео лотарија. Компанијата прва застана зад нас со добра сума на пари кои ќе бидат поделени на сите репрезентации, а најмногу на сениорската, изјави на заедничката прес-конференција Перо Антиќ, претседателот на КФСМ.
Дел од парите ќе бидат спонзорство дел ќе бидат донација, објавија партнерите на нашата федерација.
– Во нашите заложби за унапредување на спортот, пронајдовме простор за една убава соработка со КФСМ. Државна видеолотарија станува силен подржувач на националните А селекции во кошарка, нашите најважни претставници на меѓународната сцена. Со донација од 5.535.000 денари и спонзорство од 615.000 денари, ние јасно ја поддржуваме визијата на КФСМ, овозможувајќи ин на кошаркарите прецизно да нишанат кон кошот додека ги бранат репрезентативните бои на нашата земја, рече Виолета Чадиковска од Државна видеолотарија.
КФСМ му се заблагодари на новиот партнер за финансиската помош и идната соработка.
– Најдовме партнер кој ги препозна заедничките цели и се надевам дека соработката ќе продолжи уште долги години. Дел од парите се ваучер систем, а дел се од спонзорство, потенцираше генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Треба да знаете
Последни објави