Врањеш нов селектор на Словенија

Поранешниот тренер на Фленсбург и Веспрем, Љубомир Врањеш, е нов селектор на ракометната репрезентација на Словенија, беше објавено на денешната прес-конференција во Љубљана. Словенците пред десетина дена му врачија отказ на Веселин Вујовиќ, по најавата за бојкот од репрезентативците на ЕП 2020.

Врањеш моментно е тренер на шведскиот Кристијанштад, но добил зелено светло паралелно да ги извршува двете функции. Поранешниот словенечки репрезентативец, Урош Зорман, кој беше поврзуван и како селектор, ќе ја има улогата на прв асистент на Врањеш.

Словенија e дел од групата Ф од претстојниот европски шампионат, каде за ривали ќе ги има Шведска, Полска и Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави