Предлогот за федералниот буџет на САД изнесува 1,4 билиони долари

Раководството на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го претставија федералниот пакет за буџетска потрошувачка за 2020 година во износ од 1,4 билиони (илјади милијарди) долари со невообичаено големо оптоварување на ставките кои се додадени во последен момент.

Гласањето во Претставничкиот дом е закажано за денеска во врска со сеопфатниот Закон за буџет на 2.313 страници.

Буџетот треба да му овозможи на американскиот претседател Доналд Трамп финансирање на изградбата ограда на границата меѓу САД и Мексико.

Предлог законот содржи ставки кои го одржуваат односот на силите во Вашингтон, нудејќи им на пратениците повеќе работи за гласање, и „за” и „против”.

Не е сигурно дека Трамп ќе го потпише законот за буџет, бидејќи со прекин на финансирањето може да ги блокира федералните власти, борејќи се на тој начин против процедурата која е започната за негова смена, предводена од опозициските демократи, кои се мнозинство во Претставничкиот дом. 

Треба да знаете
Последни објави