Владата ја усвои информацијата за финансирање на изградбата на универзитетски клинички центар

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за финансирање на изградбата на Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје со заеми од Банката за развој при Советот на Европа и Европската инвестициона банка.

При тоа го задолжи Министерството за финансии да достави известување до Банката за развој при Советот на Европа и Европската инвестициона банка дека Владата на Република Северна Македонија е подготвена во соработка со двете банки да ги преземе сите потребни активности за исполнување на нивните предуслови за Проектот за изградба на Универзитетски клинички центар во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави