Далас и без Дончиќ ја прекина серијата на Милвоки од 18 победи

Победничката низа на кошаркарите на Милвоки која во НБЛ-лигата траеше 18 натпревари заврши ноќеска, а „виновник” за тоа е тимот на Далас кој триумфира на теренот на ривалот со 120:116. Далас настапи  без својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ и успеа да слави голема победа. Не беа доволни ниту 48 поени на Јанис Антетокумбо, бидејќи Кристапс Порзингис во завршницата постигна две тројки од неверојатна далечина и ја запечати судбината на домашниот тим.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Вашингтон 119:133
Торонто – Кливленд 133:113
Хјустон – Сан Антонио 109:107
Мемфис – Мајами 118:111
Милвоки – Далас 116:120
Оклахома сити – Чикаго 109:106
Феникс – Портланд 110:111.

И покрај поразот, Милвоки е лидер во поредокот на Источната конференција со биланс 24-4 (победи-порази). Филаделфија има 20-8, Бостон е трет со 17-7.

На Запад води Лос Анџелес лејкерс со 24-3, Лос Анџелес клиперс има ефект 20-8, Далас е трет со 18-8.

Треба да знаете
Последни објави