Ибрахимовиќ може да замине во Евертон ако тимот го преземе Анчелоти

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да замине во редовите на англискиот премиерлигаш Евертон доколку Карло Анчелоти биде поставен на тренерската функција, пренесе „Раи”.

Претходно се дозна дека италијанскиот специјалист наскоро може да го предводи премиерлигашот Евертон.

– Во овој случај, голема е веројатноста дека 38-годишниот Швеѓанец, кој во моментов е слободен играч, ќе се приклучи на тимот, објави италијанскиот медиум.

За Ибрахимовиќ се заинтересирани и Наполи, Болоња и Милан.

Треба да знаете
Последни објави