Над 135 тенисери под истрага за местење резултати

Нов скандал со местени натпревари во тенисот најави заменик јавниот обвинител во Белгија, пренесуваат геманските медиуми. Се работи за разоткривање на мрежа од ерменската мафија, која има контрола над спортот во повеќе европски земји и ги мести мечевите во тенисот.

Тенисер со иницијални М.Х. е под истрага за наместени мечеви, а истото го очекува и тенисер кој е во Топ 30 во светот и има освоено три титули сезонава ! Во истрагата, која траела повеќе од една година, се вмешани 135 тенисери, за играње на местени натпревари , а меѓу нив има тенисери од Белгија, Франција, Шпанија и САД.

-Се работи за ерменска мафија која масовно ја шири мрежата преку седум земји во Европа. Многу се итри и ги местат мечевите кои се играат на највисоко ниво. Во целиот систем има луѓе кои се одогворни за сметките, луѓе кои ги перат парите и луѓе кои остваруваат контакт со тенисерите, вели заменик јавниот обвинител во Белгија кој проговори за новиот тениски скандал.

Ова не е првпат да се покаже со прст кон „белиот спорт“ дека се играат местени натпреаври, иако во овој спорт играчите добро заработуваат.

Треба да знаете
Последни објави