Лацио со два гола во судиското надополнување поразот го направи победа

Во натпревар со драматична завршница, фудбалерите на Лацио славеа победа на гостувањето кај Каљари со 2:1. Двата гола римскиот клуб ги постигна во судиското надополнување и поразот го претвори во победа.

Стрелци за гостите беа Луис Алберто во 90+3 и Каишедо во 90+8. минута. Претходно Каљари поведе во 8. минута со голот на Џовани Симеоне.

По 16.коло Лацио е е трет на табелата во Серија А со 36 бода, три помалку од водечкиот тандем Интер и Јувентус.Каљари со 29 бода е петтопласиран.

Треба да знаете
Последни објави