Трамп најверојатно ќе биде оваа недела третиот американски претседател отповикан од Претставничкиот дом

 Доналд Трамп најверојатно ќе биде оваа недела третиот американски претседател  отповикан од Претставничкиот дом каде демократите имаат мнозинство и каде прифатија обвиненија дека Трамп ја уценувал Украина во истрагата на негови политички противници.
Претставничкиот дом се очекува да ги потврди наводите за отповикување на Трамп дека тој ги злоупотребил своите овластувања за да изврши притисок врз Украина да ги испита Џо Бајден и неговиот син Хантер, поранешен член на одборот на украинска енергетска компанија и ја опструирал истрагата во Конгресот во врска со тоа прашање.
Доналд Трамп ги отфрла тие тврдења и вели дека тоа е политички мотивиран процес.
Претставничкиот дом најверојатно ќе разговара за процесот на отповикување в среда, додека за потврда на обвинувањата ќе се гласа оваа недела.
Ако Претставничкиот дом ги потврди обвинувањата, што е веројатно затоа што демократите имаат 232 од 435 члена, Сенатот ќе одлучува за импичмент на претседателот.
Бидејќи двотретинско мнозинство во Сенатот е потребно за импичмент, а републиканците имаат 53 од 100 сенатори, импичментот е малку веројатен.
Одборот за правда во Претставничкиот дом во петокот усвои со 23 гласови „за” и 17 гласови „против” обвинение против Трамп, дозволувајќи гласање во Претставничкиот дом.
Досега ниту еден американски претседател не е отповикан во Конгресот.
Републиканецот Ричард Никсон се повлече од функцијата во 1974 година пред да биде отповикан, а Ендру Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон ги отповика Претставничкиот дом во 1998 година, по што Сенатот го отфрли обвинението.
Треба да знаете
Последни објави