Skip to main content
Култура

Одбележување на Денот на Филозофското друштво на Македонија

10/03/2025  08:37

Со доделување на наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината за 2024 година и промоција на 36-тото издание на списанието „Филозофска трибина“ денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одбележи Денот на Филозофското друштво на Македонија (ФДМ).

MK Summit

Наградата ќе му биде врачена на проф. д-р Дејан Донев, авторот на студијата „За нашите етички основи“, согласно одлуката на Комисијата за доделување на наградата „Константин Философ“ во состав: проф. д-р Радомир Виденовиќ (претседател), проф. д-р Слободанка Марковска и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови).

Списанието што го издава ФДМ ќе го промовира проф. д-р Денко Скаловски, а неговото 36. издание е целосно посветено на филозофската дејност на академик Ферид Мухиќ и во него стожерно место зазема темата „Ферид Мухиќ – творештво и инспирација“. Дополнително, на настанот пригодна беседа ќе одржи академик Шефкет Крциќ на тема „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“.