Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди денеска Северниот Остров на Нов Зеланд, еден ден по ерупцијата на вулканот на Белиот Остров.
Силниот земјотрес се случил 20 километри јужно од Гисборн, на длабочина од 29 километри, според истражувачкиот институт „Геонет“, пренесува „Сиднеј морнинг херал“.
Како што е забележано, земјотресот не бил поврзан со ерупцијата на вулканот, а можел да се почувствува во Гисборн, Ваирои и Вакатан.