Search

Трамп тврди дека не го познава принцот Ендру, но фотографиите го докажуваат спротивното

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави пред новинарите дека не го познава британскиот принц Ендру, но голем број фотографии го докажуваат спротивното.

Принцот Ендру е во центарот на скандалот со осудениот милијардер педофил кој се самоуби во затвор, а и самиот се соочува со обвиненија за силување.

„Не го познавам принцот Ендру, но тоа е тешка приказна. Не го познавам, не“, рече Трамп во Лондон, кaде што се одржува самитот на НАТО.

https://twitter.com/TheDukeOfYork/status/1135851552495865857

Сепак, бројни фотографии покажуваат дека Трамп стои покрај војводата од Јорк за време на годинашната посета на Трамп на Велика Британија.

Исто така, на една фотографија од 2000 година до нив двајца стои Меланија, која тогаш му била девојка на Трамп. Фотографијата е направена на Флорида.

Во јуни војводата од Јорк лично објави на Твитер фотографии од утринската средба со американската делегација. На фотографиите јасно може да се видат Трамп и принцот.

Треба да знаете
Последни објави