Search

Вардар замина за Нови Сад на рехабилитација во меч од СЕХА-лигата

По новиот убедлив пораз во групата Б од ракометната Лига на шампионите кој македонскиот, регионалниот и европскиот првак Вардар го доживеа од Веспрем пред своите гледачи (29:38), „црвено-црните“ нема време за одмор и анализи, заминува на рехабилитација во Нови Сад каде утре ги очекува дуел од  А-групата во СЕХА-лигата со домашната Војводина.

Поразот од унгарскиот Веспрем е трет во низа за Вардар во Лигата на шампионите или вкупно петти сезонава. Победа на Вардар, па и во СЕХА-лигата ќе му биде добродојдена за да ја врати разнишаната смодоверба. За Нови Сад, „црвено-црната“ експедиција замина со истите играчи кои беа на располагање против Веспрем. Во тимоѕ ќе го нема голманот Артурс Кугис, кој на тренинг го повреди скочниот зглоб и од таа причина не беше во комбинација против Унгарците.
Со екипата е и „џинот“ Даинис Кристопанс кој не настапи против Веспрем, а неизвесно е дали ќе игра и против Војводина.
Вардар во досегашниот дел од сезоната во регионалната СЕХА лигата, е лидер во А групата со скор од 6 победи и само еден пораз.

Треба да знаете
Последни објави