Skip to main content
Хроника

Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот кај Велес

02/03/2025  14:40

Денеска (02.03.2025) од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило “поло” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Р. Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.