Skip to main content
Свет

Трамп жестоко се судри со Зеленски и го избрка од состанокот

01/03/2025  00:33

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски заврши со неочекуван пресврт – жестока вербална расправија, по што Трамп му наложи на Зеленски да ја напушти Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен.

По драматичната конфронтација, Трамп се консултираше со најблиските соработници, меѓу кои потпретседателот Џеј-Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц. Според извори од Белата куќа, Трамп и Венс го обвиниле Зеленски за „неблагодарност за американската помош“ и заклучиле дека тој „не е подготвен да преговара за мир“.

Во еден од најнапонатите моменти, на украинската делегација ѝ било наложено да замине, без можност за продолжување на разговорите. Планираниот ручек со Зеленски бил откажан, а договорот за минерали меѓу САД и Украина останал непотпишан.

По состанокот, Трамп ја сподели својата верзија на случувањата на Truth Social, додека Рубио и Волц лично му ја соопштиле одлуката на Зеленски. Засега не е јасно кога и дали ќе продолжат преговорите меѓу САД и Украина.