Skip to main content
Свет

Се скараа Трамп и Зеленски, заедничката прес-конференција е откажана

28/02/2025  20:06


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа, а претходно планираната заедничка прес-конференција со Доналнд Трамп е откажана.

MK Summit

Извор од Белата куќа потврди за Ројтерс дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа.

Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека Зеленски „ги навреди Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална соба“.

„Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, заклучува тој.