Спасувачка екипа од Србија извади две безживотни тела од урнатините во албанскиот град Туман, кој беше најтешко погоден од вчерашниот земјотрес.
Извлечени се телата на маж и жена, објави РТС.
Според албанскиот портал Indeksonline.net, станува збор за брачната двојка Грегу. Безживотните тела на Пелумб Грегу и неговата сопруга беа извлечени 30 часа по земјотресот. Медиумите посочуваат дека во земјотресот загина целото семејство.