Skip to main content
Хроника

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

25/02/2025  09:40

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово  поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица  поради основи на сомнение за сторено кривично дело  “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ .

Првопријавениот  Б. Ф.  во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, управител на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, сопственик и управител на  четвртопријавеното правно лице Друштво за транспорт, трговија и услуги Про Тире ДООЕЛ експорт-импорт Тетово и сопственик и управител на петтопријавеното правно лице Друштво за трговија и услуги РАЕН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во период од 2013 до 2023 година, извршил серија на истородни противправни дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметка и плаќање на данокот на добивка, со кои дејствија го сторил кривичното дело “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ, на начин што:

Првопријавениот Б. Ф во име и за сметка на второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице, во текот на 2022 и 2023 година, префрлил парични средства кон себе како физичко лице на име дадени позајмици во вкупен износ од 3.698.630 денари, а кои средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање и истите не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, односно не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10%  во вкупен износ од 369.863 денари, како ине извршил отпис на ненаплатени, неотужени и застарени побарувања од купувачи во земјата и побарувања по основ на дадени позајмици постари од 3 години, со што за износот од 46.740.281 денари не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 4.674.028 денари, како и примените позајмици од третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, кои биле примени пред 2020 година, не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој истите се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 30.865.886 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10% во висина од 3.086.588 денари. Со горенаведените дејствија првопријавениотБ. Ф. во корист на второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 8.130.479 денари.

Првопријавениот во име и за сметка на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице во периодот од 2013 до 2018 година, префрлил парични средства на име дадени позајмици спрема второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, како и префрлил парични средства на име дадени позајмици кон себе како физичко лице во вкупен износ од 1.949.308 денари, а кои средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање, истите не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, па така, на крајот на 2018 година на износот од 30.865.886 денари дадени позајмици на правното лице, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 3.086.588 денари и на крајот на 2023 година на износот од 1.949.308денари дадени позајмици на себе како физичко лице не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 194.930 денари, како и  застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово како купувач, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година во вкупен износ од 16.829.868 денари, не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од  член 363 од Законот за облигациони односи, според кој истите се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 16.829.868 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10% во висина од  1.682.986 денари. Со горенаведените дејствија првопријавениотБ. Ф. во корист на третопријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 4.964.504 денари.

Првопријавениот Б.Ф. во име и за сметка на четвртопријавеното правно лице Друштво за транспорт, трговија и услуги ПРО ТИРЕ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во текот на 2023 година, застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во вкупен износ од 11,522,615 денари, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година, не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од член 363 од Законот за облигационите односи, според кој истите се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 11.522.615 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10% во висина од  1.152.261 денари.

Првопријавениот во име и за сметка на петтопријавеното правно лице Друштво за трговија и услуги РАЕН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово со ЕМБС: 7246030 и ЕДБ:4028017533750 во текот на 2023 година, застарените обврски по основ на примени позајмици од второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во вкупен износ од 18.384.805 денари, кои биле примени и евидентирани пред 2020 година, не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој истите се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 18.384.005 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10% во висина од 1.838.400 денари.

Со горенаведените противправни дејствија првопријавениот Б.Ф   со намера да ја намали даночната обврска за утврдување на данок на добивка со цел да одбегне плаќање на данок, во име, за сметка и во корист на пријавените правни лица, во периодот од 2013 до 2023 година, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10%  во вкупен износ од 16.085.644 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија, со што првопријавениот Б.Ф го сторил кривичното дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ, а пријавените правни лица го сториле кривичното дело “ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ” од член 279 ст.4 в.в ст.1 и ст.2 од КЗ на РСМ.