Пандев во Парма ќе го носи бројот на дресот со кој постигна најголем успех во кариерата

Иако бројот 19 му е омилен, Горан Пандев во својот нов клуб, Парма, на дресот нема да ја има 19-ката на грбот. Во Парма, 19-ката е зафатена од Швајцарецот Симон Сом, па Македонецот мораше да одбере друга бројка.

Изборот падна на бројот 27, кој Пандев го носеше во Интер, во неговата најуспешна сезона во кариерата, кога ги освои и Лигата на шампионите и титулата во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави