Skip to main content
Хроника

Огромна штета: Изгореа 7 тони пченка во Дебрца

24/02/2025  13:21

На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на земјоделско земјиште со насади во близина на селото Ново село, општина Дебрца, настанал пожар при што изгореле околу седум тони пченка, информира портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.