Skip to main content
Хроника

76-годишен скопјанец каснат од бездомно куче

22/02/2025  15:39

76-годишен скопјанец каснат од бездомно куче во едно скопско село, друг маж во Кисела Вода.

– На 21.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.Б.(76) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„22“ во село Волково бил каснат од куче скитник.

– На 21.02.2025 во 13.35 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Ц.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Цепенков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.