Skip to main content
Хроника

Поднесени две кривични пријави за две лица поради насилство врз деца

21/02/2025  16:15

Полицискиот билтен бележи две кривични пријави поднесени од страна на полицијата поради насилство врз деца.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишниот Ѓ.К од Тетово поради сомнение за сторено дело „насилство врз дете“. На 02.01.2025 во Тетово, пријавениот физички нападнал малолетник од Тетово.

Другиот настан е регистриран во Штип каде полицијата поднела кривична пријава против 52-годишната О.С. од Свети Николе исто така поради „насилство врз дете“.

На 05.02.2025 во ходник од станбена зграда во Свети Николе, пријавената физички нападнала малолетничка од Свети Николе, информираа од МВР.