Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?

21/02/2025  09:43

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?

Вчера Сашо Ордановски, еден од главните советници на СДС и нивна сива еминенција со навреди го нападна претседателот Трамп, кого го нарече лажго и необразован.

Сашо Ордановски сивата еминенција во СДС го нарече потпретседателот на САД Џеј Ди Венс неонацист.

Дали СДС менува курс во политиката и тргна против нашиот стратешки партнер, САД?

Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД.

Свесен ли е Венко Филипче која штета ја прави за државата?

Очајот на СДС нема крај.