Skip to main content
Свет

Стејт департментот ги укинува медиумските претплати

20/02/2025  22:50

Американскиот Стејт департмент денеска нареди прекин на сите претплати на медиумите како дел од владините напори за намалување на трошоците во јавниот сектор.

Претседателот Доналд Трамп го задолжи милијардерот Илон Маск да го предводи тимот за намалување на трошоците, кој моментално спроведува ревизии на федералните агенции во потрага по можности за финансиски заштеди.

Стејт департментот објави дека ги суспендира сите „претплати на медиумите кои не се академски или професионални списанија“, но не прецизираше колку долго ќе трае оваа мерка.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите јавни трошоци мора да бидат усогласени со приоритетите на администрацијата на Трамп и неговата политика „Америка на прво место“.