
Скопската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.Ѓ од Скопје поради сторен напад врз полицајци.
„На 26.09.2024 на една клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавениот со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, велат од МВР.