Ал-Хилал подготвен да му понуди на Меси 300 милиони долари годишно

Најдобриот фудбалер на последното светско првенство Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.Според „Мундо Депортиво”, Ал-Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди плата од 300 милиони долари годишно.

Значителен дел од оваа сума ќе биде издвоен од државната каса.

Договорот на Аргентинецот со неговиот сегашен клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. ПСЖ е во преговори за продолжување.

Да потсетиме дека претходно Кристијано Роналдо се пресели во Ал-Наср кој е главен ривал на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.

Саудијците се надеваат дека потпишувањето на двајца играчи од оваа големина значително ќе го зголеми интересот за лигата, а тоа, пак, ќе ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година. 

Треба да знаете
Последни објави