Skip to main content
Живот

Високата концентрација на хлор во водата го зголемува ризикот од неколку видови на рак

18/02/2025  19:07

Нивото на хлорирање на водата за пиење вообичаено во САД и во Европската унија може да го зголеми ризикот од неколку видови на рак, откриваат новите анализи и истражувања спроведени ширум светот.

Процесот на дезинфекција на водата со хлор создава трихалометани (THM), нуспроизвод кој се наоѓа во речиси сите јавни системи за вода за пиење низ САД и ЕУ, пренесува лондонски Гардијан.

Според проценките на истражувачите, речиси 300 милиони луѓе само во САД користат вода со загрижувачки нивоа на оваа штетна супстанција во нивната вода.