
Модерниот начин на живот и брзото темпо предизвикуваат тешки здравствени сосотјби кај луѓето, порача д-р Марина Вукашиновиќ Столевска во последната епизода на поткаст ЗРАК.
Таа, додаде дека во одреден период од животот потребно е да се смири темпото и со тоа да се зачува сопственото здравје.
„Цело време сите го зборуваме тоа, но овој брз начин на живот што го имаме и сите некако трчаме натаму наваму цело време. И дури кога ќе се случи некоја болест дали е невролошка дали е од друг тип, тогаш се свестуваме и велиме „Чекај малку, малку закочи“ да видам што правам до каде сум и малку да успорам во животот. Сметам дека треба малку успорување на работите, дека сите брзаме и малку треба да се успориме во одреден период од животот“ порача д-р Марина.