Skip to main content
Свет

Маж го запали Куранот во Лондон, при што друг го нападна со нож и клоци (ВИДЕО)

15/02/2025  18:11

Маж го запали Куранот во Лондон, при што за малку ќе го загубеше животот откако друг маж кој овој чин го повреди на религиска основа излезе со нож и се обиде да го избоде.

Човекот кој го запали Куранот на платформата Х објави дека тоа го направил во знак на протест против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи ја Турција дека станува „база на радикалните исламисти“.

Драматични сцени се случија во четвртокот, на 13 февруари, пред турскиот конзулат во Лондон, кога со нож беше нападнат маж кој го запалил Куранот.

Инцидентот се случил во Ратланд Гарденс, Најтсбриџ, во попладневните часови.

Според извештаите и снимките објавени на платформата X, маж со ранец и качулка држел запалена книга, за која се вели дека е Куранот, пред бариерата на конзулатот. Набргу потоа бил нападнат од друг маж кој, според снимката, го клоцал додека лежел на патот, пишува Дејли мејл.

Насилството ескалирало кога напаѓачот извадил нож и, како што се гледа на видеото, се обидел да го прободе човекот кој лежел на земја.

Полицијата потврди дека жртвата е пренесена во болница со повреди на прстот, но за среќа не се здобила со убодни рани. Лондонската полиција пристигнала на местото за неколку минути и го уапсила напаѓачот под сомнение дека поседувал навредливо оружје и нанесувал тешки телесни повреди.

Напаѓачот е приведен, а истрагата е во тек.