Skip to main content
Македонија

Од 19 февруари градежни активности на патот Охрид-Св. Наум

15/02/2025  11:53

Градежното претпријатие „Илинден“ – Струга, известува дека од 19 февруари 2025 година, на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, пред туристичката населба Лагадин во правец на Св. Наум, ќе се изведуваат градежни работи на пат.

Како што соопшти ЈП за одржување и заштита на магистралните и регоналните патишта, поради тоа сообраќајот ќе се одвива со посебен времен режим на сообраќај кој ќе биде регулиран со семафорско решение.

Овој времен режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи, додаваат од претпријатието.