Skip to main content
Македонија

МНОГУ ПОЛАДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: Во првите денови од следната седмица дожд, снег, северен ветер и проширување на снежната покривка!

14/02/2025  12:55

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу поладен бран кој ќе се спушти од истокот и од североистокот на Европскиот Континент, или поточно кажано директно од Сибир, од првите денови на следната седмица ќе ни започне подолг и многу поладен период. Исто така, во првите денови од следната седмица ќе има повремени врнежи, кои во градовите ќе бидат од дожд или од дожд и снег, кои полека ќе преминуваат во снег, а на повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.

Снежната покривка ќе се прошири на повеќе места и тоа особено во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри истата ќе се зголеми. Сето ова ќе биде проследено со северен ветер, кој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе преминуваат во дожд и снег, а на околните планини ќе врне само снег, каде ќе се формира снежна покривка. Повремено ќе дува северен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, а маскималните дневни температури во почетокот на следната седмица ќе бележат тенденција на позначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од нашата Република Македонија.