![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/11/image-193824.jpg)
Пешак вчеравечер бил усмртен на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосницата за с.Колибари, Кичевско.
Од МВР информираат дека автомобил „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, Кичевско, синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с.Колибари.
-Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт – велат од полицијата.
Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.