![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/golemo-srce-elit02-1024x799.jpg)
Здружението на жени менаџерки „Елит”, традиционално, четврта година по ред ја додели наградата „Големо срце” на Весна Миленкоска, млада жена, хуманитарка од Охрид чие „кисело лепче” е најомилено во семејствата каде го донира секој четврток. Нејзиното лепче која сама го подготвува само со сол, брашно и вода , е познато по својот вкус и здравствени придобивки .Се разбира, освен лепчето, доколку има доброволен донатор, се даруваат и повеќе потребни продукти во семејства на кои им е потребна помош.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/golemo-srce-elit01-590x1024.jpg)
Водилка на Миленоска е мотото „Дарувањето е благослов” и таа е омилена меѓу своите сограѓани од ранливите категории, кои се радуваат кога таа ќе се појави на нивната врата, затоа што тоа значи дека ќе имаат ќе имаат храна тој ден. Во тие средби , среќата е двојна, како за оној што го добива дарот, така и за Весна која дарува.Примерот на Весна треба да биде инспирација и за други хумани луѓе, бидејќи предизвикува емпатија, но ги подобрува и меѓучовечките односи, бидејќи така се менува светот во подобро место за живеење.
Оваа година, Здружението “Елит” беше донатор на хуманитарката Весна Миленкоска и обезбеди финансиски средства за подготовка на пакети со потребните продукти, хигиенски средства, витамини и пакетчиња за деца за дваесет сиромашни семејства од општината. Пакетите беа доделени, а признанието „Големо срце” за 2024 година и го додели проектната менаџерка Андреа Илоска, менаџерка на „Инекс Олгица ” – Охрид која продолжува да оди по патот на нејзината прерано почината мајка, потпреседателката на „Елит”, Олгица Илоска во чија чест се доделува оваа награда.