Најмалку 20 загинати во експлозија во џамија во Авганистан

Најмалку 20 лица загинаа, а 40 се повредени во експлозија на бомба во џамија во Авганистан за време на молитва, соопштија денеска тамошните власти.

Портпаролот на гувернерот на источната провинција Нангархар, Атахула Коџани, изјави дека имало деца меѓу жртвите и дека стравува оти бројот на загинати може да биде поголем, објави АП.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а американската агенција забележува дека и талибанците и Исламската држава се активни во источен Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави