![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_3160.jpeg)
Помалку советници во 10 општини поради намален број жители според направената анализа на 24инфо.
Според Законот за локалната самоуправа, бројот на советници во општините се одредува според бројот на жители и може да биде од 9 до 33, во зависност од големината на општината. Град Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, е регулиран со посебен закон.
По резултатите од пописот во 2021 година, во 10 општини ќе има намалување на бројот на советници, бидејќи е регистриран пад на населението. Гостивар е општината со најголемо намалување – ќе изгуби 8 советници, па наместо 31, во иднина ќе има 23 членови во Советот.
Во Куманово бројот на советници се намалува за две места, додека во Крива Паланка ќе има четири помалку.
Оваа промена е резултат на законската обврска за усогласување на бројот на советници со реалниот број жители, што го покажаа последните статистички податоци.