Search

Стоичков се расплака: Де се избркаат од стадионите за да научат еднаш за секогаш како да се однесуваат

Не му беше сеедено на најдобриот фудбалер на сите времиња во Бугарија, Христо Стоичков од она што се случуваше на трибините на стадионот „Васил Левски“ во Софија за време на квалификацискиот натпревар на неговата државна селекција против Англија. Навредите на англиските фудбалери упатени од трибините го принудија Стоичков да ја наведне главата во тв-студио, па дури и да пушти некоја солза.

Легендарниот голгетер не можеше да ја скрие нервозата, ниту пак солзите, бидејќи се почувствува засрамен од неговите сонародници.

-Ваквите навивачи треба да се избркаат од стадионите или уште поригорозно, како во Англија навремето да добијат петгодишна забрана да присуствуваат на натпреаври. Треба да научат еднаш за секогаш како да се однесуваат, беше одговорот на Стоичков на прашањето поврзано со срамниот инцидент.

Треба да знаете
Последни објави