Skip to main content
Спорт

Дончиќ во вторник ќе дебитира за Лејкерси

09/02/2025  21:26

Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ.

„Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот“, на официјалниот сајт на НБА.

Лос Анџелес лејкерс на 2 февруари го објавија трансферот на 25-годишниот словенечки кошаркар.

Оваа сезона Дончиќ има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар. Дончиќ во текот на својата кариера пет пати учествуваше на Ол-стар во НБА лигата.

Во Лејкерс, Дончиќ дојде од Далас маверикс.