Skip to main content
Хроника

Се запалило возило во движење во Светиниколско

09/02/2025  19:48

На 08.02.2025 во 17.55 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 17.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај место викано Мездра во Свети Николе, настанал пожар на патничко возило „опел зафира” со светиниколски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Н.(19) од Свети Николе.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе.